Ќе ја предводи македонската делегација

Таеквондистот Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на ОИ во Токио

Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на Олимписките игри во Токио, ова попладнево го откри Дарко Костовски, тренер во клубот „Бутел".

Дејан Георгиевски овој месец испиша историја откако обезбеди норма за Олимписките игри во Токио со одлично издание на квалификацискиот турнир во Софија.

Попладнево пристигна и информација дека тој ќе ја предводи македонската делгација на Далечниот Исток и ќе биде знаменосец. Ова на социјалните мрежи го откри Дарко Костовски, тренер во клубот „Бутел“.

„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“ – напиша Дарко Костовски.

Дејан Георгиевски е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, по борачот Могамедгаџи Нуров.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе