Летни Олимписки игри

Свечено отварање на ЛОИ: Македонското знаме се развиори во Токио (ФОТО)

Македонската олимписка делегација, предводена од Дејан Георгиевски и Арбреша Реџепи, попладнево продефилира на Олимпискиот стадион во Токио на отварњето на ЛОИ.

Со една година доцнење поради пандемијата на ковид-19, Летните Олимписки игри попладнево беа свечено отворени. На Олимпискиот стадион во Токио, пред празни трибини и само 1.000 ВИП гости, продефилираа спортисти од 205 земји и региони, плус олимпискиот тим на бегалци. 

Делегацијата на Македонија како 50-та се појави на дефилето, беше предводена од знаменосците Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо). 

Македонскиот тим на ЛОИ во Токио брои осум спортисти, а прв на мегданот утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе