Мото ГП

Сузуки по 20 години се радува на титула во Мото ГП, Жоан Мир е нов светски шампион!

Жоан Мир е нов светски шампион во Мото ГП, младиот Шпанец ја обезбеди титулата на една трка пред крајот и донесе големо славје за Сузуки.

Во отсуство на Марк Маркез, сезоната 2020 во Мото ГП донесе огромни возбудувања и дури девет различни победници. Во целата ситуација најдобро се снајде Жоан Мир, кој денеска на една трка пред крајот стана нов светски шампион.

Младиот Шпанец рутински одработи на втората трка во Валенсија, финишираше како седми и ја обезбеди титулата, која е прва за Сузуки по 20 години.

Што се однесува до победникот, Франко Морбидели водеше од прв до претпоследен круг, за неколку пати во последниот круг да има промена на позицијата со Џек Милер. Италијанецот сепак остана присебен, не потклекна под притисокот и прв мина низ целта.

Последното место на пиедесталот му припадна на Пол Еспаргаро на КТМ.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе