Реакциите не стивнуваат

Судијата кој го дисквалификува Ѓоковиќ: Немаше никаква шанса за друга одлука

Се изјава за инцидентот предизвикан од Новак Ѓоковиќ се јави и судијата Соерен Фримел кој го исклучи српскиот тенисер. 

Не стивнуваат реакциите по дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Некои сметаат дека судиите можеле да одлучат и поинаку, но оној кој го исклучи вели дека немало шанси за такво нешто.
 
„На крајот на денот секое прекршување на правилата е дел и од дискреционото право, но мислам дека во овој случај немаше никаква можност да биде донесена каква било друга одлука освен дисквалификација на Новак“, вели Фримел.
 
Фактите беа многу чисти, очигледно беше дека судијката беше повредена, а Новак беше нервозен. Тој несовесно, луто наназад го удри топчето и кога сето тоа ќе се земе предвид, не можеше да се одлучи поинаку“.
 
„Казнување на играч на Грен слем турнир е многу тешка, но важна одлука“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе