Голем инцидент

Страшен судар во Индикар, Канаѓанецот Роберт Викенс заврши во болница (ВИДЕО)

29 годишниот возач од Канада, Роберт Викенс заврши во болница откако имаше страшен судар на трката во Поконо во Индикар серијата.

Трката во Поконо која беше на програмата изминатиов викенд во Индикар серијата донесе голем инцидент. Во воведните кругови дојде до контакт на два болиди кога Роберт Викенс се обиде да го претекне Рајан Хантер Реј.

Роберт Викенс потоа прелета над Реј, удри неколку пати во заштитниот ѕид и ограда и се врати на патеката. 29 годишниот Канаѓанец со хеликоптер веднаш беше пренесен во болица. Индикар пренесе дека тој имал повреди на нозете, на десната рака на 'рбетниот столб и граниот кош. Ќе му биде направена и нова МРИ снимка по која ќе се одлучи дали ќе се изврши опрација.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе