Доминација на ракометот во изборот на најдобрите спортисти на АМС

Стоилов и Георгиева најдобри спортисти на Македонија за 2017 година

Македонските ракометни херои собраа најголем дел од наградите кои вечерва на свечена церемонија беа доделени од Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

Вечерва на свечена церемонија во Драмнскиот театар, беа доделени наградите за најдобрите спортисти на Македонија во изборот кој го организира АМС. Дека ракометот се уште го држи приматот спорт број еден во Македонија се виде и на оваа манифестација.
 
Стојанче Стоилов беше прогласен за најдобар спортист на Македонија, наградата за тренер на годината му припадна на Раул Гонзалез, Ракометната федерација на Македонија и оваа година е најдобра, специјална награда доби капитенот Кире Лазаров, конкуренцијата ја победија и машката ракометна репрезентација до 21 година и женската кадетска селекција.
 
„Чест и задоволство ми е што оваа награда ја добивам пред спортскиот крем на Македонија. Пред мене многу врвни спортисти ја имаат освоено, чест ми е што сега е моја. Ракометот е колективен спорт, па моја голема благодарност до колегите со кои ја израдувавме Македонија и го освоивме трофејот во Лигата на шампионите. Изминатата година беше најтрофејна моја година, се надевам дека следната ќе биде уште подобра почнувајќи од Европското првенство во Хрватска“, изјави најдобриот спортист на Македонија, Стојанче Стоилов.
 
За најдобра спортистка на Македонија беше прогласена Јована Георгиева за успешниот настап на Европското првенство во карате.
 
„Голема чест ми е што сум тука, особено кога најуспешната моја година ја завршувам со оваа плакета. Благодарам на сите кои веруваа во мене, на тренерот, пријателите, на тие што секогаш се крај мене. Пресреќна сум“, изјави Георгиева.
 
Најдобрите спортисти на Македонија за 2017 година:
 
Најдобар спортист: Стојанче Стоилов (ракомет)
Најдобра спортистка: Јована Георгиева (карате)
Најдобар тренер: Раул Гонзалез (ракомет)
Најуспешна спортска федерација: Ракометната федерација на Македонија
Најуспешен машки национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија - кадетки
Најсупешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојаноски (пливање)
Најдобра млада спортистка: Симона Симовска (карате)
Најдобар млад спортист: Петар Заборски (карате)
Специјални награди: Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Георгиевски (теаквондо)
Најуспешен универзитетски спортски колектив: Женски тим на карате на Универзитетот Кирил и Методиј
Најуспешен училишен спортски колектив од средни училишта: СОУ Никола Карев - Струмица
Најуспешен училиштен спортски колектив од основни училишта: ОУ Страшо Пинџур - Кавадарци
 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе