УБАВА БАЈКА СЕ ИСПИША ВО ЊУЈОРК

Стивенс пред шест недели беше 957. во светот, сега е шампионка на УС Опен!

Слоун Стивенс имаше спектакуларно враќање од повреда, 24 годишната Американка ја победи својата сонародничка Медисон Кис во финалето на УС Опен за прва голема титула

Убава бајка се испиша во Њујорк, Слоун Стивенс стигна до титулата на УС Опен откако пред само шест недели беше далеку, далеку од врвот.

24 годишната Американка паузираше 11 месеци пореди повреда на стапалото и кон крајот на јули на ВТА ранг листата се најде на 957. позиција.

Но таа прикажа одлични партии на УС Опен, и во финалето за 61 минута ја збриша својата сонародничка и добра пријателка Медисон Кис.

Слоун Стивенс првито сет го доби со 6-3, а уште поубедлива беше во вториот, кој го реши во своја корист со 6-0 за голема радост.

„Имав операција на 23. јануари и доколку некој ми кажеше дека ќе го освојам УС Опен, ќе му кажав дека тоа е апсолутно невозможно“ - рече Стивенс за кого ова е прва голема титула.

„Патувањето беше неверојатно. Сега би требало да се пензионирам! И кажав на Меди дека никогаш нема да можам да го повторам ова. Коцките се поклопија во овие последни шест недели“.

Во понеделник, Слоун Стивенс ќе се најде на 17. позиција на ВТА листата.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе