Зимски олимписки игри

Ставре Јада е разочаран: Крушево ми даде срамни 10.000 денари за учество на Олимписките игри!

Ставре Јада кој е еден од тројцата македонски спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг, се пожали за смешната сума која ја добил од општина Крушево. 

Нашиот крос-кантри скијач во нордиско трчање, Ставре Јада е разочаран од својата општина, за настап на Олимписки игри добил само 10.000 денари.
 
„Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево.  
На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци. 
Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација. 
Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево
1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот? 
2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите? 
И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг“, го искача својот гнев Јада на социјалните мрежи.
 
Тој во Пекинг ќе настапи во две дисциплина, спринт на 1,4 километри и маратон на 50 километри.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе