ЕП 2019 одбојка жени

Српските одбојкарки ја одбранија европската круна

Во драматично финале Србија со 3-2 во сетови ја победи Турција во Анкара и го освои Европското одбојкарско првенство во женска конкуренција.

Женската одбојкарска репрезентација на Србија ја одбрани континенталната круна откако во финалето ја совлада домашната селекција на Турција.
 
Србија влезе како фаворит во овој меч, но Турција пружи отпор поголем отколку што се очекуваше.
 
Турчинките го добија првиот сет со 25:21, со истиот резултат Србија го доби вториот и изедначи на 1-1. И резултатот на третиот сет гласеше 25:21, Турција повторно поведе, Србија со 25:22 изедначи и се премина на третиот решавачки сет. Тој го добија Србинките со 15:13 и славјето можеше да почне.
 
Ова е трета европска круна на Србија, претходно беа шампионки во 2011 и 2017 година.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе