Сребро со златен сјај

Среброто на градите на Дејан Георгиевски, момент кој вечно ќе се памети (ФОТО)

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во Токио и ги помести границите на успешност на македонските спортисти на Олимписките игри.

Единствениот кој претходно имаше освоено олимписки медал во самостојна Македонија беше борачот Могамед Ибрагимов, тој ја освои бронзата на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.

Отогаш помина 21 година додека видовме нов Македонец на пиедесталот на едни олимписки игри.

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал и го направи најголемиот успех во македонската олимписка историја.

Убаво е да се види фотографија од Македонец со олимписки медал на своите гради, сребро со сјај на злато.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе