АТП Куп

Србија ја победи Шпанија во двојки и го освои АТП купот!

Србија убедливо со 2-0 во сетови ја доби финалната пресметка во двојки против Шпанија и го крена трофејот во АТП Купот. 

На почетокот на денот Баутиста го победи Лајовиќ и донесе водство за Шпанија од 1-0, потоа возврати Ѓоковиќ кој го совлада Надал и изедначи на 1-1. Дуелот во двојки го решаваше победникот.
 
За Србија настапија Ѓоковиќ и Троицки, а за Шпанците Карењо Буста и Лопез. Беше најавен Надал, но Шпанија се одлучи за промена и Фелисиано Лопез му беше партнер на Карењо Буста.
 
Шпанија тргна добро, направи брејк, го земаа и својот гејм па поведоа со 2-0, но потоа следуваше фантастична серија на Србија од 6-1, првиот сет го добија со 6-3.
 
Во вториот сет Србите го добија првиот сервис на Шпанија, направија брејк и таквата предност ја одржуваа до крајот, го земаа сетот со 6-4 и радоста за освоениот трофеј можеше да почне.
 
 
 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе