Србија доби милион евра од Новак Ѓоковиќ за борбата против коронавирусот

Новак Ѓоковиќ донираше милион евра за купување на респиратори и друга медицинска опрема за болниците во Србија. 

По примерот на другите богати спортисти, и Новак Ѓоковиќ одвои значителни финансиски средства за помош на својата земја.
 
Српскиот тениски ас донира еден милион евра за купување на респиратори и друга медицинска опрема во Србија.
 
Претходно Роџер Федерер донираше милион швајцарски франци за покривање на дел од штетите од коронавирусот во Швајцарија, неговите средства беа наменети за луѓето кои финансиски се погодени од кризата.
 
Милионски донации направија и луѓето од фудбалот како Меси, Роналдо, Гвардиола....

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе