Формула 1

Спектакуларниот Ботас го победи Хамилтон, Ферари разочара во Мелбурн!

Валтери Ботас е победник на премиерната трка од новата сезона во Формула 1, Финецот имаше доминатно издание и стигна до максимални 26 бода откако го забележа и најбрзиот круг.

Пред почетокот на сезоната, сите погледи беа вперени во Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, но Валтери Ботас во Мелбурн покажа дека може да се замеша во трката за титулата.

Финецот имаше доминантно издание, поведе уште во првиот свиок по одличниот старт, и не дозволи неговата позиција да биде загрозена во ниту еден момент.

Тој притискаше до самиот крај, па покрај тоа што победи со 20 секунди предност, стигна и до максимални 26 поени откако го забележа најбрзиот круг.

Зад него, Луис Хамилтон финишираше како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на Макс Верстапен, кој покажа дека партнерството на Ред Бул и Хонда може да понуди многу оваа сезона.

Премиерната трка се покажа како големо разочарување за Ферари. Откако тимот од Маранело беше извонреден на тестовите, Фетел денеска не можеше да го следи темпото на ривалите и заврши речиси една минута зад победникот. Слична беше и ситуацијата на Шарл Леклер кој финишираше како петти.

Во бодови денеска уште завршија и Магнусен, Хулкенберг, Раиконен, Строл и Квјат.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе