Традиционален турнир „Чајка“

„Спартанците“ со 3-0 ја совладаа Бугарија за трето место на „Чајка“

Одбојкарската репрезентација на Македонија со 3-0 во сетови ја доби пресметката со Бугарија во меч за третото место на турнирот „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка"

Популарните „Спартанци“ го освоија третото место на турнирот „Чајка“, денеска во малото финале триумфираа над Бугарија со 3-0 во сетови.

За разлика од синоќешниот пораз од Украина, избраниците на Матијашевиќ денеска го диктираа темпото, го контролираа резултатот и сосема заслужено стигнаа до максимална победа.

Пред деби настапот на Европското првенство, кое започнува на 12. септември, Македонија ќе одигра уште два контролни натпревари.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе