Формула 1

Советникот на Ред Бул има јазик побрз од умот: Најдобро е Макс Верстапен да се зарази со коронавирус!

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изненади со својата изјава, посака Макс Верстапен да се зарази со коронавирус, смета дека Холанѓанецот лесно ќе се справи со Ковид 19 и потоа целосно ќе биде фокусиран на атак на титулата.

Пандемијата на коронавирусот го промени начинот на кој живеат луѓето, но не и Хелмут Марко. Советникот на Ред Бул има јазик побрз од умот и тоа го докажа уште еднаш откако денеска изјави дека посакува Макс Верстапен да се зарази со Ковид 19.

Според неговата логика, Холанѓанецот е млад, не спаѓа во ризичните групи, па лесно ќе се справи со вирусот, ќе стане имун и потоа ќе може целосно да се фокусира на атак на титулата.

„Пред некој ден се слушнав на телефон со Макс и ми кажа дека е преплашен од можноста да се зарази со коронавирус. Јас мислам дека е најдобро сега да се зарази. Има 22 години, не спаѓа во ниту една ризична група, па откако ќе се справи со вирусот, ќе биде имун и целосно ќе се фокусира кон атак на титулата“ – вели Хелмут Марко за најголемиот австриски весник Кронен Цајтунг.

Што се однесува до новата сезона во Формула 1, во моментов никој не знае кога таа ќе почне, денеска беше објавено дека се одложува и ГН на Азербејџан.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе