Соопштени имињата на добитниците на наградата „8 Септември"

Во Агенцијата за млади и спорт денес на прес-конференцја беа соопштение имињата на добитниците на државната награда „8 Септември".

 

Носители на престижната награда во 2019 година се:
– Томе Коцев, доајен во борењето;
– Слободан Николиќ, еден од најтрофејните спортски доктори;
– Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари;
– Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда;
– Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата, наградата за животно дело за исклучителен   придонес за развој и афирмација на спортот во Македонија.

– Државната награда за спорт „8 Септември" претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите, изјави Каевски, директор на АМС.

Честитки до добитниците упати и претседателката на одборот за доделување на наградите Ленче Алексовска-Величковска.

– Големо е задоволството да промовираме луѓе, спортски работници, тренери селектори кои дале голем придонес во афирмација и промоција на спортот во Македонија и надвор од неа. Стручната комисија транспарентно, искрено, донесе предлог одлука која едногласно беше прифатена од одборот, изјави Алексовска-Величковска.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот во Собранието на Република Северна Македонија. 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе