ЗОИ 2018

Софија Гоџа стана првата Италијанка која освоила злато во спуст на ЗОИ: Се движев како самурај!

Италијанската скијачка, Софија Гоџа донесе прво злато за својата земја во женски спуст на Зимските олимписки игри.

Софија Гоџа триумфираше во една од највозбудливите алпски дисциплини, таа имаше време од 1:39.22 и за девет стотинки беше подобра од Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, Линдзи Вон ја освои само бронзата.
 
„Навистина пазев на секој мал детал, се движев како самурај, вообичаено сум хаотична. Самураите се навистина перфектни. Тие се движат со елеганција. Јас не сум елегантна но внимавав на секој момент кој го правев“, изјави Гоџа по трката.
 
Лидзи Вон ја освои само бронзата, се очекуваше повеќе од Американката.
 
„Имав одлична трка, дадов се од себе, но Софија беше подобра. Мислам дека се движев одлично и не се каам за ништо“, изјави Вон.
 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе