Меѓу наградите и злато

Со 20 пехари брачната двојка Зафирови успешно ги заврши натпреварите за 2019, до година ги чека Лас Вегас

Еден од најдобрите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров и неговата сопруга Габриела годинава постојано се присутни во медиумите со нови успеси и нови медали. Оваа 2019 година ја завршуваат со вкупно 20 пахари, меѓу кои и злато.

Последниот успех за оваа година успешната брачна двојка го постигна на настапот во Брежице, Словенија, од каде се вратија со голем успех од Светското натпреваварување ИБФФ Про Ворлд. На светскиот собир настапија повеќе од 45 земји од светот со над 500 натпреварувачи меѓу кои беа од Јужна Африка, Израел, Полска, Белорусија, Украина, Индија, Аргентина, кои беа претставени од страна на најголемите професионалци во боди билдинг.

Во оваа силна конкурекција Тоше Зафиров во својата категорија го освои шесто место, а на сцена го придружуваше песната „Игри без граници" на македонската музичка икона Тоше Проески. Зафиров секогаш на себе го носи македонското знаме, а неговиот пример го следи и сопругата Габриела. 

Таа во силна конкуренција меѓу 17 натпреварувачки на светско ниво успеа да се закити со еден сребрен и еден бронзен медал.

За остварениот успех, Зафирови се заблагодарија на поддршката од целата јавност, како и целиот тим кој застана зад нив и придонесе за успешниот настап во Брежице.

Оваа брачна двојка на почетокот на месецов освои трето место на натпреварот во Унгарија. Во многу силна конкуренција на „Предатор куп" за боди билдинг кој носи и квалификација за светското првенство, Зафирова успеа да се пласира во топ 3 и да освои бронзен медал, а трето место освои и Зафиров кој настапи во „Професионалци" каде успеа да влезе во финале и да се закити со бронзен медал.

Пред овие 5 нови пехари, Зафирови во првите шест месеци од годинава освоија 15 пехари, тој 4, а таа 11.

За нив секој нивен успех е заеднички успех. Оваа година за нив е повеќе од успешна, но тие не застануваат тука.

Од 1 ноември започнуваат со тренинзи и дисциплина со исхраната што ќе значат подготовки за 2020 година. Предизвик во годината што следи на овој успешен брачен пар ќе им биде натпреварот во Лас Вегас, САД каде ќе бидат први Македонци кои се појавиле таму.

Зафирови постојано дома се враќаат со многу награди и признанија, па и во годината што следи очекуваме нови успеси од нив.

К.Д.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе