Постигнати историски цени на аукција на Ибеј

Сликичка од Мајкл Џордан продадена за 350.000 долари, од Том Брејди дури за 400.000 долари!

Оваа недела на Ибеј беа срушени рекорди откако сликична од легендарниот Мајкл Џордан е продадена за 350.000 долари, а онаа на НФЛ иконата Том Брејди дури за 400.000 долари.

Лидерот во размена на сликички, ПВЦЦ (PWCC) изминатиов период во соработка со Ибеј на аукција понуди голем број на сликичи од спортисти.

Минатата недела ретка сликичка од Мајкл Џордан се продаде за 350.100 долари. Во сезоната 1997-98, само 10 вакви сликички се имаат напревено од лгендата на Чикаго булс, и се верува дека само три се во циркулација. Сликичката на Џордан е продадена за рекордна сума во модерната ера на сликичи (од 1980 па наваму) и го симна од врвот Леброн Џејмс, чија сликичка претходно беше продадена за 312.000 долари.

Исто така, ова е најскапо продадената кошаркарска сликичка на Ибеј, претходно рекордот го држеше ретка сликичка од Џордан и Џејмс, која беше продадена за 300.000 долари.

Вчера, ПВЦЦ и Ибеј соборија уште еден рекорд откако сликичка од Том Брејди како руки беше продадена за 400.100 долари. Па ретката сликичка од иконата на Њу Ингланд патриотс сега го држи приматот за најскапо продадена НФЛ сликичка во историјата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе