Мик Шумахер добива шанса во елитата

Синот на Шумахер дебитира во Формула 1, ќе седне зад воланот на Алфа Ромео во Нирбургринг

Мик Шумахер на 9. октомври ќе го има своето деби во Формула 1, тој ќе седне зад воланот на Алфа Ромео на првиот тренинг во Ниргбургринг и ГН на Ајфел.

Осум години по пензионирањето на Михаел Шумахер, во Формула 1 ќе дебитира неговиот син, Мих Шумахер. Перспективниот Германец, кој е дел од академијата на Ферари, ќе седне зад воланот на Алфа Ромео на 9. октомври и првиот слободен тренинг во Ниргбургринг и ГН на Ајфел.

„Многу сум среќен, со нетрпение чекам да возам пред домашната публука. Сакам да се заблагодарам на академијата на Ферари, на Ферари и Алфа Ромео“ – гласеше постот на Мик Шумахер на социјалните мрежи.

21 годишниот Мик Шумахер, кој е лидер во Формула 2, веќе има возено Формула 1 болид, минатата година беше зад воланот на Ферари СФ90 на тест во Бахреин.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе