Формула 1

Синот на Михаел Шумахер ќе тестира со Ферари

Синот на легендарниот пилот на Ф1, Михаел Шумахер – Мик ќе одржи прв тест во Формула 1 со тимот на Ферари следната недела, објавија бројни светски медиуми.

Германскиот пилот ќе вози болид на Ферари во Бахреин следниот вторник, а ден подоцна ќе го тестира и автомобилот на Алфа Ромео.

Следниот викенд, 20-годишниот Шумахер ќе запише официјално деби во Формула 2 на патеката „Сахир" во Бахреин. Од јануари, синот на Михаел Шумахер, кој стана европски шампион во Формула 3 во 2018 година, е дел од Академијата за млади пилоти на Ферари.

Во мај, во Шпанија ќе се одржат дводневни тестови за млади пилоти, а веројатно и Мик Шумахер ќе учествува во нив

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе