МАША СЕ ВРАЌА НА 26. АПРИЛ

Штутгарт ќе биде првиот турнир за Шарапова по суспензијата

Руската тенисерка, Марија Шарапова на 26. април ќе го одигра првиот меч по суспензијата, Штутгарт ќе биде нејзиниот прв турнир.

Организаторот на турнирот за Големата награда на Порше во Штутгарт, објави дека враќањето на Марија Шарапова ќе се случи токму на нивниот настан.
 
„Марија од 26. април ќе може да му се врати на професионалниот тенис. Тоа ќе биде на турнирот за Големата награда на Порше во Штутгарт, кога е и 40. годишнината на овој настан, сигурен сум дека фановите ќе бидат возбудени да ја видат повторно на теренот“ - изјави извршниот директор на турнирот, Стив Симон.
 
Шарапова од 2012 до 2014 година три пати по ред го освојуваше турнирот во Штутгарт, таа е среќна што токму на него му се враќа на тенисот.
 
„Не можам да бидам посреќна што мојот прв меч ќе биде на еден од моите омилени турнири“ - вели Шарапова.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе