Клучен ден за одбојкарите

Што треба да се случи за македонските одбојкари да се пласираат на ЕП?

Денеска е клучниот ден за македонската одбојкарска репрезентација, но пласманот на Европското првенство не зависи само од натпреварот на нашата селекција со Унгарија.

Македонија денеска со почеток од 20:15 часот го игра последниот квалификациски меч со селекцијата на Унгарија, но во фокусот ни се уште два натпревари.
 
Нашите одбојкари треба да ја победат Унгарија со 3-0 за да ја заверат втората позиција во нашата група, а дали тоа ќе биде доволно за едно од петте најдобри втори места во квалификациите ќе дознаеме пред почетокот на нашиот меч.
 
Од 17 часот играат Шведска и Азербејџан, во овој дуел потребна ни е победа на Швеѓаните. 
 
А од 18:30 часот потребна ни е победа на Летонија против Израел. Летонците се домаќини во овој меч, но се најслабата селекција во својата група со само еден освоен сет на досегашните три одиграни меча.
 
Капитенот Никола Ѓорѓиев верува дека Шведска и Летонија ќе победа, а ние ќе славиме над Унгарците по што ќе се радуваме на историски пласман на Европско првенство.
 
„Атмосферата е на пониско ниво, меѓутоа тоа може да биде и предност за нас. Со позитивна мисла можеме да направиме подобра игра и подобар резултат отколку со Украина. Многу работи може да се променат во зависност од резултатите од другите натпревари коишто се пред нашиот, но ние мора да победиме без оглед дали тие резултати ќе ни одговараат или не. Сакаме да завршиме со победа, а ако даде Бог, да одиме на Европското првенство 2019. Ако не можеме, треба да мислиме на иднината и на нашиот рејтинг со цел да имеме подобра ждрепка за наредниот циклус којшто ќе почне во 2020-тата. Јас имам некое чувство дека Летонија и Шведска ќе победат и дека со наш триумф над Унгарците ќе се радуваме на пласман“, вели Ѓорѓиев.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе