Мото ГП

Шпанците доминираа во Херез, победата му припадна на Маркез!

Марк Маркез е победник на ГН на Шпанија, возачот на Хонда рутински одработи и мина прв низ целта пред своите сонародници Алекс Ринс и Маверик Вињалес.

Откако падна на претходната трка во Тексас кога беше далеку напред и испушти драгоцени 25 бода во борбата за титулата, Марк Маркез на одличен начин се рехабилитираше во Херез.

Актуелниот шампион попладнево победи на ГН на Шпанија и стана нов лидер во генералниот пласман. Возачот на Хонда одлично стартуваше, поведе уште во првиот свиок и не дозволи во ниту еден момент неговата позиција да биде загрозена.

Зад него се водеше голема битка. Освојувачот на пол позицијата, Фабио Квартараро поради проблеми со својата Јамаха мораше да се откаже на средина од трката кога беше на позицијата број 2.

Како одминуваше времето, и неговиот тимски колега, Франко Морбидели го губеше темпото, па на крајот заврши како седми. Мала утеха му е тоа што беше најдобро пласиран возач кој не доаѓа од фабрички тим.

Победникот на минатата трка, Алекс Ринс уште еднаш демонстрираше брзина и финишираше како втор, а за доминација на Шпанците се погрижи Маверик Вињалес на кого му припадна последното место на пиедесталот.

Потоа следуваа двајцата возачи на Дукати, Андреа Довициозо и Данило Петручи, а Валентино Роси се избори за позицијата број 6 по синоќешните катастрофални квалификации и старт од 13-то место.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе