Формула 1

Шарл Леклер до деби пол-позиција со нов рекорд во Бахреин!

Новајлијата на Ферари, Шарл Леклер ја забележа првата пол-позиција во својата кариера откако попладнево беше најбрз во квалификациите за ГН на Бахреин.

Ферари се врати во стил по катастрофалната трка во Австралија, црвените болиди го окупираа првиот стартен ред но Шарл Леклер е тој кој ќе предводи колоната утре.

Младиот Французин успеа да ја добие битката со тимскиот колега Себастијан Фетел и со нов рекорд во Шакир да стигне до својата прва пол-позиција во кариерата со време од 1:27.866.

Мерцедес во квалификациите успеа да ја намали разликата во однос на Ферари, но Луис Хамилтон ќе мора да се задоволи само со третата позција над на гридот, а Валтери Ботас со четвртата позиција.

Макс Верстапен заостануваше речиси една секунда и ќе стартува како петти, а помеѓу најбрзите десет уште завршија Кевин Магнусен, Карлос Саинц, Роман Грожан, Кими Раиконен и Ландо Норис.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе