Рекордна сума за болид од модерната ера на Ф1

Шампионскиот болид на Шумахер од 2001 продаден за 7,5 милиони долари

Ферарито со кое Михаел Шумахер во 2001 по четврти пат стана шампион во Формула 1, денеска беше продадено на аукција за 7,5 милиони долари

На аукција која ја организираше Содби, шестмина наддавале за болидот кој го управуваше Михаел Шумахер во 2001.

Се предвидуваше дека „Црвеното коњче“ ќе достигне цена од околу 4 милиони долари, но беше продаден за речиси двојно повеќе односно 7,5 милиони долари, рекордна сума за болид од модерната ера на Ф1.

Ферари Ф2001, шасија #211, е болидот со кој Михаел Шумахер доминираше во 2001, стигна до четвртата шампионска титула во Формула 1, а и за последен пат победи на престижната трка низ улиците во Монте Карло.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе