Шаховскиот клуб Алкалоид ќе настапи на Европскиот клупски куп 2019

Шаховскиот клуб Алкалоид продолжува со настапите на Европскиот клупски куп, оваа година тој ќе се одржи од 10 до 16 ноември во Улцињ, Црна Гора.

Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион! со 12 бодови во седум мечеви (пет победи и два нерешени меча, без пораз!). Европското клупско злато е освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање. Во 2017 година ШК Алкалоид продолжи со успешен настап на Европскиот Клупски Куп и во Анталија, Турција 07-15.10.2017 година, го освои второто место, со освоени 11 бода (пет победи, еден нерешен меч и еден пораз).  Со идентичен скор во 2018 година (11 меч бодови), екипата се најде на делба од трето до шесто место, а по дополнителен критериум шесто место во конечниот пласман.

Во 2019 година клубот се подготвува за настап со осетно изменет состав, без 4 играчи од претходна година.

Но, оваа година во составот на екипата е еден од најсилните светски шахисти, велемајсторот од Азербејџан, Шакријар Мамадиаров, кој настапуваше за Алкалоид во 2007, 2008 и 2009 година.  

Боите на Алкалоид продолжуваат да ги бранат и стандардните членови велемајсторите Димитри Андреикин (Русија), кој ја предводеше репрезентацијата на Русија до злато на тукушто завршеното Европско Екипно Првенство, како и Јуриј Криворучко (Украина).

Прв пат за Алкалоид ќе настапи шампионот на САД за 2018 година, велемајсторот Сем Шанкенд, стандарден репрезентативец на својата држава и носител на златен олимписки медал од 2018 година.

Втор повратник во екипата е велемајсторот од Русија, Ернесто Инаркиев, Европски Првак од 2016 година.

Составот на екипата е комплетиран со двајцата најдобри македонски играчи: Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ.  Со освежен состав, но воедно играчи кои биле дел од овој одличен спортски колектив, Алкалоид ќе  продолжи повторно да се бори за Европскиот врв. Редоследот на играчите со конкретен распоред по табли официјално се објавува на самиот почеток на натпреварите.

На Европскиот Клупски Куп оваа година се пријавени досега најголем број учесници и тоа 67 екипи во машка и 14 во женска конкуренција, Вообичаено, конкуренцијата е многу силна: Mednyi Vsadnik St. Petersburg (минатогодишните шампиони), AVE Novy Bor – Чешка (второпласирани 2018 година), Obietivo Risarcimento Padova, стандардно при врвот. Директни конкуренти за медал или т.н. “црвена група” се 4 тимови, но сигурно во борбата ќе се вмешаат првите 10 најдобро рангирани. Се очекува рамноправна и до крај неизвесна борба, со оглед дека турнирот е релативно краток, само 7 кола.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе