Шаховски млади надежи

Најреални шаховски турнири за станување на првак се таканаречените Бергер турнири. Учествуваат мал број, но одбрани шахисти каде што се игра секој против секого. Во услови на пандемија овие турнири се одлична можност за продолжување на шаховскиот живот во Македонија. Продолжија детските  шаховски турнири во организација на Јахја Кемал – јуниор и ш.к. Гамбит Асеко-СЕЕ . Овој пат зедоа учество 37 деца распоредени во 4 турнири.

На шестиот турнир настапија 8 деца на кој овој турнир им беше еден од првите и сосема заслужено првото место го освои Станковиќ Максим со 6,5 поени од 7 партии. Карактеристично за неговата игра беше тоа што направи најмалку грешки, а грешките на своите противници ги користеше до максимум. Понатаму следеа: 2. Митрески Максим и 3. Стојаноски Дамјан со 5/7 4. Шаери Матео 4,5/7 5. Луканосвка Исидора 2,5 / 7 6. Камнар Даниел 2/7 7. Матеи Калин 1,5/5 и 8. Гоновски Тео 1/7.

Петтиот Бергер турнир помина во целосна доминација на Никола Јаневски кој направи речиси Фишеров резултат 8,5 поени од 9 партии. Очигледен е неговиот напредок од претходниот турнир. На делба од 2 до 4 место се пласираа три рамноправни млади шахисти. 2. Сеизов Дончо 3. Константин Јосевски и 4. Александар Стојчески. Александар е дете со церебрална парализа,  кој напредува со крупни чекори, прифатен како другар од сите деца на турнирот. Понатаму следеа 5. Огњановска Делфина 5/9 6. Стојаноски Анастас 4,5/9  итн.

Од сите турнири четвртиот турнир е најзначен за развојот на женскиот шах во Македонија. Жежовска Моника е победник на истиот  со 8 поени од 9 партии оставајќи го второпласираниот Кирил Николовски со еден и пол поен позади себе. Додека третото место го поделија Јанески Леон и втората надеж на женскиот шах во Македонија, Инџи Ајрадиноска со  6/9.

На најјакиот турнир Млади Надежи до 1.800 рејтинг поени Јовановски Теодор од ш.к. Алкалод  ја искористи недоволната концентрација на фаворитот Леонид Петрески од Гамбит Ассеко-СЕЕ  и успеа да го освои победничкиот пехар и нови 180 рејтинг поени. Инаку Теодор е ученик во прва година во Јахја Кемал колеџот.  Третото место го освои Леа Ефтовска.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе