Формула 1

Сезоната во Формула 1 заврши со триумф на Верстапен во Абу Даби!

Макс Верстапен победи во Абу Даби, последната трка од календарот во Формула 1, Холанѓанецот доминираше над возачите на Мерцедес за втор триумф оваа сезона.

Макс Верстапен ја заврши сезоната во импресивен стил, возачот на Ред Бул попладнево доминираше во Абу Даби и лесно славеше пред возачите на Мерцедес.

Ниту безбедносното возило не го извади Холанѓанецот од ритам, кој на крајот мина прв низ целта со 15 секунди предност пред Валтери Ботас за победата број .10 во својата кариера. Последното место на пиедесаталот му припадна на Луис Хамилтон, кој се врати во болидот откако ја пропушти минатата трка поради ковид-19.

Алекс Албон финишираше како четврти, а зад него имаше интересна битка во која Ландо Норис  и Карлос Саинц финишираа како петти, односно шести и на Мекларен му го донесоа третото место во првенството на конструктори.

Потоа следуваа Даниел Рикардо, Пјер Гасли, Естебан Окон и Ленс Строл.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе