Австралија Опен

Серена Вилијамс доживеа елиминација од Австралија Опен и најави дека ќе почне да тренира уште од утре

Серена Вилијамс рано го заврши Австралија Опен откако со 2-1 во сетови беше поразена од кинеската тенисерка Ванг. 

Серена Вилијамс уште во третата рунда го заврши настапот на Австралија Опен откако доживеа неочекуван пораз од кинеската тенисерка Ванг Кианг.
 
Првиот сет Серена го загуби со 4-6, вториот го доби по тајбрејк 7-6 (7-2), а решавачкиот трети сет го загуби со 5-7.
 
„Искрено не мислев дека ќе го загубам мечот. Направив премногу грешки. Дефинитивно ќе тренирам утре. Мора да бидам сигурна дека ова нема повторно да ми се случи“, вели Серена по поразот.
 
„Верувам дека уште можам да победувам и да освојувам титули. Не играм само за забава, не е забавно да губиш“.
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе