АТП Рим

Серена повторно се повлече од турнир поради повреда

Освојувачката на 23 Гренд слем титули, Серена Вилијамс по трет пат во кариерата мораше да се откаже од учество во тенискиот турнир од сериите „Премиер 5". 

 Американката ја започна кампањата на земја со победа над Ребека Петерсон, но се откажа поради повреда пред долгоочекуваниот судир со нејзината постара сестра, Винус.

– Требаше да се повлечам од турнирот во Рим поради болката во левото колено. Ќе ми недостигаат навивачите и натпреварите на еден од моите омилени турнири. Ќе се фокусирам на рехабилитација, со нетрпение очекувам да ве видам на Отвореното првенство на Франција и на турнирот во Рим следната година, рече Серена Вилијамс.

Причината се обновени болки во левото колено, кое не за прв пат и создава проблеми во долгата кариера. Рим беше само четврти турнир на Вилијамс оваа година, откако таа одигра до крај само еден.

Серена е четирикратна шампионка во Рим – 2002, 2013, 2014 и 2016 – а во 2012-та и 2015-та исто се откажуваше пред натпреварите поради повреди. Нејзиниот последен пораз во Вечниот град е од 2010 година од Јелена Јанковиќ.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе