ЗОИ 2018

Сензационална победа на Германија над Канада за пласман во финале против Русија

Хокеарите на Германија направија големо изненадување совладувајќи ја Канада со 4-3 во второто полуфинале и со селекцијата на Русија ќе се борат за златниот олимписки медал.

Германија е најголемото изненадување на хокеарскиот турнир на Олимписките игри, откако во четвртфиналето ја елиминираше Шведска, сега истото го стори и со Канада.
 
Резултатот беше отворен во 15. минута кога Мачек погоди за 1-0. Брзо во вториот период Германците постигнаа уште два гола преку Плахта и Мауер за убедливо водство од 3-0.
 
Бруле намали на 3-1, но Германија брзо ја врати предноста преку Хагер кој донесе водство од 4-1.
 
Во последниот период Канада успеа да се врати во мечот со голови на Робинсон и Рој. Германија промаши пенал, но успеа да го задржи водството до крајот на мечот и да слави голема победа.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе