Трка за паметење

Се случи чудо, Верстапен во последен круг го помина Хамилтон за прва титула! (ВИДЕО)

Макс Верстапен е нов шампион во Формула 1 откако се случи чудо на последната трка во Абу Даби, Холанѓанецот во последниот круг го претекна Луис Хамилтон за победа и прво место во генералниот пласман.

Макс Верстапен се радува на првата титула во Формула 1. Трката во Абу Даби тргна катастрофално за младиот Холанѓанец, беше претекнат на стартот, потоа имаше спорен момент во свиокот број 6, но среќата му се насвмевна на крајот.

Ред Бул бараше чудо и токму тоа се случи кога Латифи се заби во оградата. Луис Хамилтон не можеше да влезе во бокс по свежи гуми поради позицијата на патеката, Макс Верстапен го стори тоа и се чекаше само одлуката на стјуардите за тоа како ќе продолжи трката.

По мала драма откако во прв момент беше одлучено заостанатите болиди да не го претекнат безбедносното возило, за потоа да биде донесена одлука да се исчисти патот помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен и двајцата во последниот круг во директен дуел да решаваат за тоа кој ќе биде шампион.

Макс Верстапен со свежи гуми успеа да го претекне Британецот и потоа да се одбрани за победа во Абу Даби и насловот шампион во Формула 1.

Во Мерцедес сигурно ќе бидат бесни на одлуката, Луис Хамилтон со една рака ја имаше титулата но на крајот мораше да се помири со пораз.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе