Олимпијада 2020

Се одложуваат и Олимписките игри во Токио

Шпанските медиуми пренесуваат дека на денешниот состанок на Извршниот олимписки комитет е донесена одлука Олипијадата во Токио да биде одложена. 

Иако долго време беа против одложување на Олимписките игри, членовите на ИОК не можат против логиката, а таа вели дека Олимпијадата не може да се одржи поради ситуацијата со коронавирусот.
 
Олимписките игри кои требаше да се одржат од 24 јули до 9 август ќе бидат одложени, а новиот датум не се очекува да биде потврден во официјалното соопштение на ИОК кое треба да излезе наскоро.
 
Можеби ситуацијата со коронавирусот до јули ќе се нормализира, но голем проблем е што многу од квалфикациските турнири за Олимпијадата требаше да се играат овие месеци.
 
Некои шпекулираат дека Олимпијадата ќе биде одложена за следната година исто како и Европското првенство.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе