По вчерашната победа на Хабиб над Порие

Се јави Мекгрегор, бара меч со Хабиб и тоа во Русија

По вчерашната победа на Хабиб Нурмагомедов над Дастин Порие, Мекгрегор не можеше да издржи а да не го привлече вниманието на себе, тој побара повторен меч со шампионот.

Не помина многу откако Хабиб победувајќи го Порие го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија, Мекгрегор се јави преку социјалните мрежи.
 
Мекгрегор изеде добар „ќотек“ од Хабиб и загуби со давење во легендарната битка која заврши со голем инцидент. Ирецот сега бара повторен меч со Нурмагомедов и тоа во Русија.
 
„Закажете ми повторен меч во Русија“, напиша Мекгрегор на твитер.
Но се очекува следен противник на Хабиб да биде Тони Фергусон а не Конор Мекгрегор. Претседателот на УФЦ, Дена Вајт го потврди тоа но не ја отфрли ниту можноста за повторно соочување меѓу Хабиб и Мекгрегор.
 
„Тони Фергусон треба да биде следен, но јасно дека доколку Тони поради некоја причина не може да се бори или не сака, тогаш ќе разгледаме што е следно, но дуел со Конор има многу смисла“, вели Вајт.
 
„Конор Мекгрегор има огромна желба за таа борба и сигурен сум дека и фановите во светот би сакале да го видат тоа. Па ќе видиме што ќе биде“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе