Ситуацијата не се решава, македонските пливачи трпат

Самоволието на Маленко продолжува, а институциите молчат

Александар Маленко во име на нелегалната „Пливачка федерација на Северна Македонија“ со допис до Српската пливачка федерација бара да не им се дозволи на македонските пливачи да настапат на турнир во Лесковац.

Пливачките клубови во Македонија од поодамна на регуларно изборно го променија претседателот. Според централниот регистар на Македонија, Александар Филипчев е претседател на „Националната пливачка федерација“.
 
Но, Александар Маленко тврдоглаво се обидува да остане прв човек на пливањето преку формирање на „Пливачка федерација на Северна Македонија“ која нема поддршка од домашните клубови.
 
Маленко силата ја црпи од поддршката која ја добива од ФИНА и ЛЕН кај кои тој се уште е заведен како претседател. 
 
Од последниот негов потег кој само го докажува фактот дека тој нема поддршка од клубовите во Македонија, најмногу трпат децата кои во моментов се на турнир во Лесковац, Србија. А ако потрае случајот проблем ќе имаат и останатите пливачи кои ќе ја претставуваат земјата на меѓународни турнири.
 
Александар Маленко преку меморандум од неговата „Пливачка федерација на Северна Македонија“ испратил допис  Српската пливачка федерација од која бара да не им се дозволи на македонските пливачи да пливаат бидејќи тие потекнуваат од клубови кои не се регистрирани во неговата федерација.
 
 
Листата е составена од речиси сите клубови кои постојат во Македонија и кои имаат преку 200 пливачи.
 
Дали институциите и понатаму ќе останат неми на случувањата во македонското пливање. Јасно е пливачките клубови, пливачите и работниците во овој спорт на кој му ја даваат поддршката, но засега Агенцијата за млади и спорт, полицијата и МОК не прават ништо за да им излезат во пресрет на оние во водите се борат за афирмација на Македонија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе