Соопштение на ПВК Орион

Самопрогласениот претседател Маленко, прави штета на македонското пливање, институциите молчат

ПВК Орион преку соопштение ја информира јавноста за состојбата во македонското пливање и предупредува дека доколку институциите продолжат да го игнорираат проблемот, многу од пливачите можат да се откажат од спортот.

Пливањето во Македонија веќе подолго време се соочува со проблеми кои ги создава поранешниот претседател на ПФМ, Александар Маленко.
 
Претседателот на ПВК Орион, Јане Карајованов преку соопштение ја информира јавноста за целата ситуација и бара институциите да не го игнорираат проблемот. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
 

„Почитувани,

Сакаме да ве информираме во однос на непријатните ситуации и проблеми кои ги предизвика поранешниот претседател на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко а сегашен самопрогласен претседател на непостоечката Пливачка федерација на Северна Македонија.

На Вонредното Собрание кое се одржа на 24.04.2019 , ние како клуб бевме дел од Иницијаторите и на кое по редовен и легален пат како што налага статутот на Федерацијата е променет тогашниот Претседател Александар Маленко и на негово место е изгласан Александар Филипчев.

Не можејќи да се помири со фактот дека повеќе нема доверба од водечките клубови во Македонија,Александар Маленко се самопрогласува за преседател на непостоечка Федерација,и почнува да наштетува и да се осветува на клубовите кои го променија.

Тој во последните 5 месеци прави штета на сета досегашна работа и резултати кои ние како Клуб и нашите тренери ја градат со години наназад.

Како прво ускратена беше Македонија со потенцијален медал на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Бургас каде нашата членка Блажевска Еминова Миа беше отстранета од свеченото дефиле и беше доведено во прашање нејзиното учество на истиот со што веруваме дека една од причините за неосвојување на медал беше токму и тој момент. За после тоа да дојде моментот со Светското првенство во Јужна Кореа, каде што исто така двајца наши пливачи Миа Крстевска и Филип Деркоски беа оставени да патуваат сами, не отпатуваа со остатоткот на репрезентацијата, беа ускратени од подготовки и каде што и самиот Маленко беше назначен за тренер, делегат и водич на пат, назначен сам од себе, без никаква одлука на Управен одбор или Одбор за пливање. Чисто како информација Според законот за спорт на Македонија, водач на Национала селекција мора да биде лице со соодветно Високо образование или соодветен степен (посетен курс, висока школа, семинари и сертификати) а Александар Маленко нема ништо од тоа.

За потоа со почеток на сезоната на натпревари, испрати допис до сите Балкански федерации а воедно и до ФИНА и Лен, потенцирајќи да не дозволат на 10 клуба помеѓу кои е и ПВК Орион да настапуваат на натпревари кои се организираат под покровителство на истите.

Како објаснување во писмото за нашата суспензија, го има наведено и тоа дека немаме подмирено годишна котизација за членство во Федерацијата.

За тоа сакаме да дадеме едно објаснување:

• Ние како клуб ги имаме подмирувано сите побарувања кои произлезегуваат од членство во Федерацијата и пред да дојде Маленко за претседател на истата (котизации, стартарини, чланарини итн).

• Во времето додека се уште беше претседател и со почеток на оваа годинаа, Пливачката федерација на Македонија достави фактура до нашиот клуб за чланарина/котизација со број 12/19 издадена на 14.02.2019 со ж-сметка на Градскиот пливачки сојуз, а не на Пливачката федерација на Македонија. На наше барање да ни издадат фактура со ж-сметка на Федерацијата за истата да ја подмириме во периодот на неговото претседателување не добивме одговор. 

• И како последно,ние според законите не можеме да општиме со непостоечки субјект Пливачка федерација на Северна Македонија,за кој веруваме дека нема ниту жиросметка.

Исто така наведува дека не ги почитуваме одлуките на Управниот одбор и телата на Федерацијата и за тоа можеме да кажеме дека додека беше Претседател нашиот клуб и тренерите ги почитуваа сите одлуки и барања на Одоборите.

Ние како клуб не можеме да почитуваме непостоечки субјект, субјект кој нема Управен одбор, субјект кој нема стручен одбор и субјек зад кој не стои ниту еден клуб.

За на крај,да се јавува кај организаторите на Меѓународниот пливачки митинг “Куп на Зрењанин” и кај претседателот на Пливачката федерација на Србија да не дозволат настап на наши пливачи на митингот.

Така што секое понатамошно игнорирање на соодветните институции на овој проблем настанат од самоволието на еден самопрогласен граѓанина на Македонија може да доведе до откажување од спортот на голем број деца кои во ситуацијата се најмалце виновни.

Со почит

Претседател П.В.К.Орион Скопје

Јане Карајованов“

Како дел од соопштението приложена е фактурата која Маленко им ја испратил со ж-ска на Градскиот пливачки сојуз и едно од писмата во кое тој се обраќа, во овој случај конкретно до Српската пливачка федерација и бара да им се одземе правото на учество на македонските пливачи бидејќи нивните клубови ги немаат подмирено обврските кон него.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе