Формула 1

Саинц одигра тимски и помогна Леклер да стигне до пол-позиција во Франција

Шарл Леклер победи во квалификациите на ГН на Франција, со помош на својот тимски колега Карлос Саинц, возачот од Монако постигна најбрзо време од 1:30.872.

Шарл Леклер ја доби битката со Макс Верстапен во квалификациите, но за ова голема заслуга има и Карлос Саинц.

Шпанецот знаеше дека ќе стартува како последен поради промена на погонската единица, но се избори за пласман во третата сесија само за да му даде заветрина на својот тимски колега.

Стратегијата се исплатеше, Шарл Леклер постави време од 1:30.872 и утре ќе стартува од пол-позиција. Друштво во првиот ред ќе му прави Макс Верстапен, додека во вториот ред ќе бидат Серхио Перез и Луис Хамилтон.

Потоа следуваат Ландо Норис, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Јуки Цунода, Даниел Рикардо и Естебан Окон.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе