Формула 1

Саинц изненади на дождот во Силверстон за прва пол-позиција во кариерата!

Карлос Саинц конечно стигна до првата пол-позиција во кариерата, Шпанецот попладнево најдобро се снајде на дождот во Силверстон и постави најдобро време во квалификациите.

Дождот донесе драматични квалификациите во Силверстон, кога се очекуваше дека Макс Верстапен ќе се радува на нова пол-позиција, во последните мигови, Карлос Саинц постави време од 1:40.983 и ја забележа првата пол-позиција во кариерата.

Шпанецот од сенка успеа да ги изненади ривалите и беше подобар за само 0.072 секунди од Макс Верстапен, кој денеска доминираше во Силверстон и сигурно ќе биде разочаран.

Шарл Леклер ќе стартува од вториот ред заедно со Серхио Перез, а потоа следуваат Луис Хамилтон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел, Жу Гуанју и Николас Латифи.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе