Никако да им дојде паметот на Русите

Руски олимпиец освојувач на медал во Пјонгчанг паднал на допинг тест!

Медиумите пишуваат за нов паднат допинг тест на Зимските Олимписки игри, натпреварувач од Русија кој освоил бронза бил позитивен на мелдониум

Русија е обвинета за систематски допинг спонзориран од државата па „Зборнајата“ беше суспендирана за ЗОИ 2018. На олимпијците кои можеа да докажат дека се чисти им беше дозволен настап но под неутрално знаме.

Но очигледно не биле сите толку чисти, извори блиски до организаторите во Пјонгчанг откриваат дека натпреварувач од Русија кој освоил медал паднал на допинг тест.

Според некои информации се работи за Александер Крушелницки, кој со својата сопруга Анастасија стигнал до бронза во мешани двојки во карлинг.

Тој бил позитивен на мелдониум, фамозниот лек поради кој Марија Шарапова доби суспензија од 15 месеци.

Во моментов ништо не е официјално, треба да се почекаат резултатите од Б примерокот кои ќе бидат познати за 24 часа.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе