Како никој да не ја гледа

Руската тениска ѕвезда Веснина се фрцка танцувајќи на плажа (ВИДЕО)

Руската тениска ѕвезда Елена Веснина евидентно ужива во својот постсезонски одмор на Малдивите. Таа на Инстаграм објави видео на кое се фрцка танцувајќи на плажа.

„Кога ви се допаѓа песната и сте сама на плажа“, напиша таа на руски јазик до видеото на кое танцува на мелодија од рускиот поп-пејач Дима Билан.

Изминатава недела Веснина објавува разни фотографии и видеа од тропската островска земја.

Веснина (31) последен пат се натпреваруваше на Елитниот ВТА трофеј Џухаи во Кина во почетокот на ноември, каде што претрпе два порази и беше исфрлена од турнирот во првата фаза.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе