Формула 1

Русинот Сироткин со 15 милиони си купи место во Вилијамс, ништо од спектакуларен кам-бек на Кубица

Познати е целиот грид во Формула 1 за сезоната 2018, 22 годишниот Русин, Сергеј Сироткин го победи Роберт Кубица за последното место во тимот на Вилијамс

Ништо од спектакуларен кам-бек на Роберт Кубица во Формула 1, 33 годишниот Полјак следната сезона ќе биде само тест возач на Вилијамс.

22 годишниот Сергеј Сироткин го доби последното место на гридот, и во 2018 ќе му биде партнер на 19 годишниот Ленс Строл.

Вилијамс се реши на еден ваков чекор по детална анализа на податоците, се верува дека Сергеј Сироткин бил побрз од Роберт Кубица на двата теста во Абу Даби во ноември.

Тој исто така носи и значајна сума на пари од спонзори, се проценува дека Русинот на Вилијамс ќе му донесе околу 15 милиони евра по сезона. Тимот исто така бил импесиониран и од способностите на Сироткин за технички фидбек.

Роберт Кубица нема настап во најбрзиот циркус во светот откако во февруари 2011 заработи тешки повреди по еден страотен судар на рели во Италија.

Процесот на рехабилитација беше долг, тој се уште чуствува последици и има само ограничено движење на десната рака, но и покрај тоа успеа да се избори за шанса да тестира за Рено и Вилијамс.

Полјакот веруваше дека покажал доволно за да вози во Формула 1, но Вилијамс не сака да ризикува па во 2018 ќе му укаже прилика само на тестовите и на некој од петочните тренинзи.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе