УС Опен

Русинот Медведев испишува историја во САД, ќе игра финале против Надал

Данил Медведев ќе му се спротивстави на Рафаел Надал за трофејот на УС Опен, Русинот испиша историја откако со 3-0 го совлада Григор Димитров во полуфиналето. 

Какво лето за 23 годишниот Данил Медведев, Русинот имаа 20 победи на 22 меча на терените во Северна Америка и стана само третиот тенисер кој играл финале во Вашингтон, Канада, Синсинати и УС Опен во иста сезона по Иван Лендл (во 1982) и Андре Агаси (во 1995). 

Тој утрово со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-3) го совлада Григор Димитров и ќе му се спротивстави на Рафаел Надал за трофејот во Њујорк.

Данил Медведев со овој триумф стана првиот Русин по Марат Сафин (во 2005) кој ќе игра финале на Гренд слем, и првиот член на „Некст Ген“ кој ќе игра финале на Гренд слам. 

За него ова беше јубилејна 50. победа оваа сезона, со што има најмногу победи во 2019 и зад себе ги остави Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Данил Медведев во финалето ќе игра против Рафаел Надал кој ја оправда улогата на фаворит со Беретини и го победи Италијанецот убедливо со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-1).

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе