ЗОИ 2018

Русија преку Чешка до меч за олимпиското злато во хокеј

Хокеарите на Русија со убедливи 3-0 ја победија Чешка во полуфиналето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и ќе се борат за златниот медал.

Натпреварот помеѓу Русија и Чешка почна израмнето, немаше голови во првата четвртина. Резултатот беше отворен во осмата минута од вториот период кога Гусев погоди за 1-0. Неполна минута подоцна чешката мрежа ја тресеше и Гавриков за сигурна предност од 2-0.
 
Во последните моменти од мечот кога Чесите го извадија и голманот со цел да имаат повеќе ракометари во нападот, Ковалчук го погоди празниот гол и го постави конечниот резултат од 3-0.
 
Во финалето Русија ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Канада и Германија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе