Зимски олимписки игри Пјонгчанг 2018

Русија и САД со порази го почнаа хокеј турнирот на Олимписките игри

Неиграњето на НХЛ играчите си го прави своето, па обично силните селекции на Русија и САД со изненадувачки порази го почнаа настапот на Олимписките игри. Русија со 3-2 загуби од Словачка, со истиот резултат Словенија беше подобра од САД.

Русија која поради допинг скандалот на овие игри настапува под името Олимписки атлети од Русија, загуби од Словачка со 3-2 иако имаше водство од 2-0.
 
Русите имаа моќен старт на мечот, по четири минути игра водеа со 2-0 со головите на Гаврилков и Капризов, но тоа беше се што направија. До крајот на првата третина Словачка изедначи преку Олвечи и Чајковски.
 
Во останатите два периоди имаше само уште еден гол, во деветата минута од третата третина Черешнак погоди за Словачка за победа од 3-2.
 
Во вториот меч Словенија по продолженија ја победи селекцијата на САД со 3-2.
 
И на овој меч фаворитот имаше водство од 2-0, САД со головите на Онил и Гринвеј имаа солидна предност пред почетокот на последниот период. Во третата третина Словенија погоди преку Ургбас и Мурсак за изедначување на 2-2. А во продолжението од мечот уште еден гол даде Мурсак а тој значеше голема победа за Словенците.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе