ЗОИ 2018

Русија е олимписки шампион во хокеј (ВИДЕО)

Во драматично финале Русија со гол во продолжението со 4-3 ја победи Германија и за прв пат по 1992 година стана олимписки шампион во хокеј.

Хокеарската репрезентација на Русија го освои златото на Олимписките игри откако со 4-3 ја совлада селекцијата на Германија која е големо изненадување во Пјонгчанг.
 
Германците на патот до финалето ги елиминираа Шведска и Канада, а помалку од една минута им фалеше да ја победат и Русија и да направат комплетна сензација.
 
Русија поведе буквално во последната секунда од првата третина со гол на Воинов. Во вториот период Германија преку Шулц го изедначи резултатот на 1-1.
 
Највозбудлива беше последната третина во која најпрво Гусев го врати водството на Русија, но потоа Германија со головите на Кахун и Милер направи комплетен пресврт и поведе со 3-2.
 
Германците водеа до последната минута, на 56 секунди до крајот на мечот Русија преку Гусев успеа да изедначи и да го однесе мечот во продолжение.
 
Во продолжението Капризов постигна гол за огромна радост на Русија и прво олимписко злато во хокеј по 26 години.
 
 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе