Европско првенство 2019

Русија беше пресилна, Македонија се потруди последниот сет да биде возбудлив

Русија сосема очекувано со 3-0 во сетови ја совлада Македонија на Европското првенство во одбојка, но „црвено-жолтите" не се посрамотија против актуелниот шамион на стариот континент.

Македонија го забележа и третиот пораз во дебитанскиот настап на ЕП, попладнево во Љубљана сосема очекувано загубивме од Русија, актуелниот шампион на стариот континент.

Разликата во класи помеѓу двете селекции беше очигледна, но „црвено-жолтите“ не се посрамотија. Во првиот сет се играше рамноправно до 10-10, а потоа „зборнајата“ почна да диктира игра и го доби со 15-25.

Во вториот сет Русија многу полесно се справуваше со Македонија и го доби со 16-25.

Највозбудливо беше во третиот сет, кога избраниците на Матијашевиќ одиграа без притисок, дури имаа и две сет топки, но противникот се извлече и го доби со 28-30 за победа од 0-3.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе