Како загревање за големиот турнир

Ролан Гарос распиша потерница по Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Во пресрет на вториот грен слем турнир оваа година, Ролан Гарос, организаторот се пошегува на сметка на рекетот број еден во моментов, Новак Ѓоковиќ.

Подготвувајќи се за турнирот, Новак Ѓоковиќ направи дупка на подот во теретатана во комплексот „Филип Шатрие“. На твојот твитер профил српскиот тенисер објави видео од настанот и напиша: „Денеска во теретаната пред тренингот користев медицинка (тешка топка) и силно ја удрив од подот. Како резултат на тоа тој пукна. Ролан Гарос простете ми!“.
Официјалниот профил на твитер на Ролан Гарос реши да се пошегува со Ѓоковиќ па распиша потерница.
 
„Дали сте го виделе овој човек? Име: Новак Ѓоковиќ. Последен пат виден: Теренот Филип Шатрие Баран: Поради правење хаос во теретаната на Ролан Гарос. Ве молиме пишете ни ако го видите овој човек“, стои во потерницата.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе