Формула 1

Ризикот на Ред Бул и Верстапен не се исплатеше, Хамилтон триумфираше во Барселона

Луис Хамилтон забележа нова победа во Барселона, Британецот во финишот го претекна Макс Верстапен кој реши да ризикува и да се обиде со само едно влегување во бокс прв да ја мине целта.

Луис Хамилтон ја зголеми предноста во генералниот поредок на 14 бода откако попладнево триумфираше на ГН на Шпанија пред Макс Верстапен и Валтери Ботас.

Макс Верстапен одлично ја започна трката, го претекна Луис Хамилтон во првиот свиок и долго време беше лидер. Но Холанѓанецот и Ред Бул решија да ризикуваат, да одат со стратегија со едно влегување во бокс и на крајот тоа се покажа како лош потег.

На шест круга до финишот, Луис Хамилтон со посвежи гуми лесно го претекна Макс Верстапен на крајот од правецот и потоа рутински извозе за нова победа во Барселона.

Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас, кој не можеше да се вмеша во битката за победата откако во првиот круг загуби позиција во однос на Шарл Леклер и долго се мачеше зад возачот над Ферари, кој на крајот заврши како четврти.

Бодови денеска освоија и Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Саинц, Ландо Норис, Естебан Окон и Пјер Гасли.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе