Почнаа рокадите во Формула 1

Рикиардо потпиша за Мекларен, се чека абер за преселбата на Саинц во Ферари

Даниел Рикиардо во 2021 ќе вози за Мекларен, утрово пристигна официјална потврда за соработката помеѓу возачот од Австралија и тимот од Вокинг.

Веста дека Себастијан Фетел заминува од Ферари по крајот на сезоната го раздвижи пазарот во Формула 1. Одлуката на Германецот да не ја продолжи соработката со тимот од Маранело ќе има домино ефект и неколку возачи ќе добијат нови ангажмани.

Мекларен утрово потврди дека Даниел Рикиардо пристигнува во тимот во 2021 и ќе му биде колега на младиот Ландо Норис. Возачот од Австралија потпишал долгогодишен договор со тимот од Вокинг, кој од следната сезона одново ќе има мотори на Мерцедес.

Во исто време, од таборот на Мекларен потврдија дека Карлос Саинц заминува по крајот на сезоната, па сега се чека абер за преселбата на Шпанецот во Ферари.

Што се однесува до местото на Даниел Рикиардо во Рено, се најавува сензационално враќање на Фернандо Алонсо.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе